Утрински Весник
Македонија

Петрушевска: Дијаспората ќе расте затоа што македонскиот граѓани се иселуваат,

Петрушевска: Дијаспората ќе расте затоа што македонскиот граѓани се иселуваат,

Денеска тема на дневен ред е разрешување на министерот за дијаспора и најверојатно нашата дијаспора ќе расте затоа што ако нешто е видливо изминативе 6 години е дека од животот кој беше ветен ништо не видоа граѓаните, па се иселуваат, па и претседателот изјави дека ќе се иселел ако не бил претседател, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

Таа посочи дека единствена активност на досегашниот министер за дијаспора е што се фали дека остварил средба со министерот за надворешни работи Османи, средба помеѓу двајца членови на влада, а во делот на проектите има празен простор кај министерот Чупи.

– Она што е посебно важно за македонската јавност е дека во едни вакви несоодветни коалиции најмногу страда секторот односно дијаспората. Ако за владата од СДСМ може нешто да заклучиме е дека не испорача ништо во делот на активности и резултати кои ги заслужува македонската дијаспора. Тоа го покажува и последниот апел од македонското национално малцинство од Албанија кои мораа да алармираат до владата дека истите тие се под бугарски притисок, асимилаторски напади. За да треба да појде министерот за надворешни Османи да се сретне со нив да разговара и да се направи акциски план, изјави Петрушевска.

Таа прашува до каде е изработката на овој план, бидејќи од тоа што може да се види е дека Владата не успеа да одговори на барањата за кои има потреба дијаспората.

– Голема незаинтересираност, оваа влада ги раскина сите врски кои постоеја со дијаспората. Загрижувачки е дека и тоа нема да допре до СДСМ, молкот во однос на 16 пресуди во Европскиот суд за човекови права за Македонците во Бугарија. една ваква негрижа дијаспората не видела досега, од самата независност. Тие се едни од нашите најголеми промотори и оваа влада направи се да ги раскине тие врски, изјави Петрушевска.

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?