Утрински Весник
Спорт

Румениге за колапсот на Суперлигата: Читам и се смеам

Румениге за колапсот на Суперлигата: Читам и се смеам

Легендата на Баерн и негов долгогодишен челник, Карл-Хајнц Румениге, никогаш не криел дека е противник на создавањето на Суперлигата на Европа, за што проговори за италијанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Јас сум целосно против тоа. Не е ни чудо што таа приказна дојде од три клуба со големи финансиски проблеми. Сакаа брзо да направат голем профит. Сега новиот предлог на Суперлигата отиде од 20 на 80 клубови, но европскиот фудбал не би издржал ваква радикална промена. Од друга страна, она што треба што побрзо да се промени е финансискиот фер-плеј. Ќе мора да биде поригиден. Клубовите постојано се под притисок на медиумите и навивачите да трошат повеќе. Но, фудбалот е произведува загуби“, рече Румениге.

Германецот ги коментираше и скандалите кои неодамна се случија во Јувентус и Барселона. Торинскиот клуб беше обвинет за финансиски малверзации, а каталонскиот дека плаќал луѓе од судиското лоби.

„Прочитав што направи Јувентус и не можев да повреувам во тоа. Никогаш не сум слушнал за такво нешто во мојот живот. Јувентус е важен клуб, референтна точка во италијанскиот и европскиот фудбал, но си даде автогол… Сега треба да почне од нула. Барселона и судиите? Верувајте се насмеав кога ја прочитав таа вест. Но, не сум изненаден. Секогаш кога игравме во Шпанија имав чудно чувство. Тоа се неприфатливи работи кои не го засегаат само домашниот фудбал. Прашањето на арбитражата е нешто со што треба сериозно да се позанимава“, смета Румениге.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига