Утрински Весник
Магазин

Семејството на Брус Вилис е решено да го држи активен

Семејството на Брус Вилис е решено да го држи активен

Семејството на холивудската ѕвезда Брус Вилис е цврсто решено да му овозможи активен живот.

dobivaj vesti na viber

На 67-годишниот актер неодамна му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, а сопругата Ема Хеминг Вилис и поранешната сопруга Деми Мур се трудат  тој да има што е можно поисполнет живот.

„Фокусот е ставен на тоа Брус да биде активен што е можно повеќе. Тој има распоред со активности секој ден. Сите во семејството инсистираат на вежби и за неговото тело и за мозокот,“ анонимен извор изјави за „Пипл“.

Акционата ѕвезда ги има Мејбел (10) и Евелин (8) со Ема, како и Румер (34), Скаут (31) и Талула (29) со Деми.

Ема е особено одлучна во тоа децата да имаат убави спомени од својот татко.

Инсајдерот изјави за „Пипл“: „Целото семејство се зближи повеќе од кога било. Таа сака да го паметат Брус како неверојатен, забавен татко. Таа сака тие да ги имаат најубавите спомени од него“.

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување