Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Дојави за бомби во седум од осум основни училишта во Центар

Герасимовски: Дојави за бомби во седум од осум основни училишта во Центар

Во седум основни училишта во Центар денеска имаше дојави за бомби.

dobivaj vesti na viber

Учениците беа евакуирани, а родителите повторно повикани да си ги земат.

Градоначалникот на Општина Центар на својот фејсбук профил повика на смиреност.

„На електронските пошти на основните училишта во Центар, ООУ „Ј.Х. Песталоци“, ООУ „Коле Неделковски“, ООУ „Димитар Миладинов“, ООУ “Гоце Делчев“, ООУ „11 Октомври“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Кочо Рацин“ стигнала порака за поставена бомба. Единствено нема потврда за ООУ „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец. Случаите се пријавени во полиција и евакуирани се учениците, наставниот и останатите вработени во училиштата. Полициски службеници вршат антитерористички проверки. Искрено се надевам дека конечно оваа серија лажни дојави на поставени бомби, кои сериозно не вознемируваат ќе заврши и ќе се открие кој стои зад нив. Уште еднаш повикувам на смиреност и следење на протоколите во овие ситуации”, напиша Герасимовски.

Можете да прочитате

Невреме го парализира скопскиот аеродром – авиони кружат и не можат да слетаат

Утре ќе се распише огласот за избор на нов претседател на ДКСК

Невреме во Скопје, продолжува кон Велес, Штип, Крива Паланка…