Стивен Спилберг во вторникот откри дека работи на телевизиска серија за Наполеон базирана на оригиналното сценарио на Стенли Кјубрик, кое седи во фиока со години.
„Работиме на голема продукција“ на серија од седум епизоди за американската мрежа ХБО, базирана на сценарио напишано во 1961 година, рече тој на прес-конференција во Берлин.
Спилберг нагласи дека лимитираната серија е многу блиску до тоа да добие зелено светло од челниците на Ејч-би-о.
Медиумите потсетуваат дека многумина со години се прашуваа за нереализираното сценарио „Наполеон“ на Стенли Кјубрик, кое стана еден од изгубените митски проекти во филмската историја.
Славниот режисер оскаровец уште пред 10 години навести дека ќе сними мини-серија врз основа на сценариото напишано од режисерот на филмовите „2001: Одисеја во вселената“ и „Пеколниот портокал“, што му ја даде идејата за неговиот филм „Вештачка интелигенција“ (2001).
Кјубрик, кој почина во 1999 година, никогаш не го заврши големиот биографски филм за Наполеон Бонапарта