Утрински Весник
Економија

Расте интересот за возилата на БРАКО во САД – Нова испорака на 7 возила за градска хигиена во Калифорнија

Расте интересот за возилата на БРАКО во САД – Нова испорака на 7 возила за градска хигиена во Калифорнија

Седум возила за одржување на хигиена во урбани средини кои се произведуваат во фабриката на БРАКО во Велес, беа испорачани кон клиентите во Калифорнија во САД.

dobivaj vesti na viber

Со пратката, која се содржи од 6 рачно управувани електрични модели и еден камион со капацитет за складирање на отпад од 1,5 м2 со најсовремен и ефикасен систем за редукција на издувни гасови, повторно се докажува зголемениот интерес за возилата на БРАКО на северно-американскиот континент.

Испораката се случува десетина дена по саемот во Калифорнија кој се одржа во рамките на Конференцијата за градски управи, на која со успех се претставија возилата на БРАКО.

Околу 500 посетители на Конференцијата, кои се дел од менаџментот на градските управи во сојузната Америчка држава покажаа голем интерес за електричните модели на БРАКО, за кои истакнаа дека станува збор за современи, ефикасни и еколошки возила за одржување на градската хигиена.

ПР-текст

Можете да прочитате

БДП во 2025 година по жител изнесувал 9.859 евра

Димитриеска Кочоска: Владата го усвои Предлог-буџетот за 2027 година

ОКТА: Финансиски резултати за третиот квартал и девет месеци од 2026 година