Утрински Весник
Свет

Путин: Ако САД извршат тестирање на нуклеарно оружје, тоа ќе го направиме и ние

Советник на Зеленски се плаши дека Русите ќе ги опкружат

За време на обраќањето пред пратениците во двата дома на рускиот парламент, рускиот претседател објави дека Русија го прекинува учеството во договорот за стратешко офанзивно оружје.

dobivaj vesti na viber

„Го прекинуваме учеството во Договорот. Повторувам, ние не се повлекуваме од тој договор, го прекинуваме учеството. Прво треба да разбереме што сакаат Франција и Британија и ќе постапиме соодветно“, рече Владимир Путин.

„Нема потреба да лажат и да се преправаат дека се поддржувачи на мирот. Сите знаеме дека се истакнува важноста на некои договори и сите се поблиску до развој на ново нуклеарно оружје. И ние исто така, но нема да бидеме први, рече Путин, додавајќи дека веќе има информации дека официјален Вашингтон се подготвува за тоа.

„Но, ќе се однесуваме како што мислиме дека е правилно. И тоа нема врска со непријателски односи кон нас, иако тие го сакаат нашиот пораз. Тешко е да ги наречеш идиоти, не се глупави. Тие сакаат да не поразат и да го контролираат нашето нуклеарно оружје“, рече рускиот лидер.

Тој потсети дека САД и НАТО директно изјавија дека целта им е стратешки пораз на Русија. „После тоа, посетата на руските одбранбени капацитети не е опција“, истакна рускиот лидер.

„На почетокот на февруари, НАТО побара од нас да се вратиме на договорот за неширење на стратешко оружје, вклучително и инспекции на објекти. Тоа е театар на апсурдот. Знаеме дека Западот му помогна на режимот во Киев во нападот на објектите на територијата на Руската Федерација, а во исто време сакаат да ги прегледаат нашите објекти“, изјави Путин.

Можете да прочитате

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија

Колумбија заплени рекордни 225 тони кокаин

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд