Утрински Весник
Македонија

Кривична за в.д. директорот на ЈКП „Водовод“ – Битола за бесправно градење

Кривична за в.д. директорот на ЈКП „Водовод“ – Битола за бесправно градење

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола и против П.М.(39) од Битола, в.д. директор на претпријатието, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, казниво по член 244 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Второпријавениот, во текот на април и мај 2022, без да изготви соодветна документација и проект и без одобрение за градба, дозволил изградба на подземна инсталација на место каде претходно не постоела.

Можете да прочитате

СДСМ: Што е со 5 тони дрога, што е со 100 тони што се запленети пред камери

Сопственик на златара се обидел да криумчари 4 милиони денари вреден златен накит преку Богородица

Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?