Утрински Весник
Свет

Турција не престанува да се тресе, регистрирани уште шест силни земјотреси во веќе разурнати области

Турција не престанува да се тресе, регистрирани уште шест силни земјотреси во веќе разурнати области

Силна сеизмичка активност вечерва е забележана во Турција, па Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) наведува дека оваа земја во текот на ноќта ја погодиле дури шест силни земјотреси.

dobivaj vesti na viber

Првиот се случи на 17 километри од Хекимхан, во провинцијата Малатија. Овој земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала и на длабочина од пет километри, ја погоди Турција околу 3:11 часот по локално време.

Само дваесет минути подоцна, два силни земјотреси погодија два региони во Турција. Едниот се случил во Ијаладереа во близина на сириската граница и бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Вториот ја погоди областа Карлиова и неговата магнитуда беше 4,5 степени според Рихтеровата скала.

Околу 10 до 4 часот наутро на удар се најде и Караманмараш, град практично уништен во првата серија земјотреси во Турција. Овој пат го погоди земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала.

Тлото во Турција беше мирно околу четири часа, но утрото околу 8 часот и 45 минути имаше нов земјотрес во близина на Антиохија, на границата со Сирија.

Овој земјотрес бил со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала,пренесе Нова.рс.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња