Утрински Весник
Македонија

Странски нецаринети автомобили затекнати во Визбегово на див отпад

Странски нецаринети автомобили затекнати во Визбегово на див отпад

Полицјата воочи неправилности во работењето на три отпади за половни возила во Визбегово.

dobivaj vesti na viber

Имено, припадници на полицијата и инспекторатот извршија контрола во три отпади за половни возила, сопственост на Р.З. од скопското село Визбегово, И.А. од Скопје и С.А. од Визбегово.

„При контролата било констатирано дека сите три отпади работат без регистрирана дејност, односно фирма во Централниот регистар, без дозвола за работа од Министерството за животната средина и природата, а биле затекнати и повеќе различни типови нецаринети возила со странско потекло“, соопшти МВР.

За сите констатирани недостатоци, против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија

Концерт на Ана Дурловски и Анахит Тер-Татшатјан за роденденот на „Охридско лето“