Утрински Весник
Спорт

Циципас и Медведев со успешен старт на турнирот во Ротердам

Циципас и Медведев со успешен старт на турнирот во Ротердам

Првиот носител Стефанос Циципас стартуваше со победа на тенискиот турнир на тврда подлога во Ротердам кој има награден фонд од 2 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Циципас победи со 2:0 во сетови (7:5, 6:1) против Емил Русувуори од Финска во својот прв меч по поразот на финалето на Австралија опен на крајот на јануари.

Русувуори започна подобро и поведе со 4:2 во гемови, но до крајот Гркот зеде 11 од следните 13 гемови за да направи пресврт и да забележи триумф.

Данил Медведев, кој е шести носител, стигна до успех против Алехандро Давидович Фокина од Шпанија со 2:1 во сетови (4:6, 6:2, 6:2). Медведев го загуби првиот сет, но потоа го подигна нивото на играта и забележа победа.

Феликс Оже-Алијасим убедливо, со триумф од 2:0 во сетови (6:2, 6:3) ја започна одбраната на титулата над Италијанецот Лоренцо Сонего.

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД