Утрински Весник
Македонија

Констатирани оставките во Собрание: Тупанчески и Нуредини не се повеќе министри, Рендевски и Нухиу не се повеќе заменици

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги деблокира законите за енергетика и за помош во време на криза

Министрите Никола Тупанчески, Насер Нуредини, како и замениците министри Владимир Рендески и Агим Нухиу повеќе не се функционери. Собранието ги констатираше нивните оставки, кои ги поднесоа, како што наведоа, од лични причини. Тие не ги образложија оставките пред пратениците.

dobivaj vesti na viber

Тупанчески раководеше со Министерството за правда каде сега треба да дојде кадар на Алијанса за Албанците. Нуредини раководеше со Министерството за животна средина со кое сега ќе раководи кадар на СДСМ.

„Констатирам дека им престануваат функциите“, рече собранискиот спикер Талат Џафери.

Оставките за кои велат дека се од лични причини, министрите ги поднесоа откако СДСМ и Алијанса за Албанците направија договор за коалицирање.

Можете да прочитате

Скопјанец измамен за над 5000 евра

Починат маж пронајден во стан во Тетово

Левица: Полицајците носат истрошени униформи поради коруптивните тендери на Тошковски