Утрински Весник
Свет

Папата: Да им пружиме конкретна помош на Турција и Сирија

Папата: Да им пружиме конкретна помош на Турција и Сирија

Папата Франциско денеска повика на „конкретна помош“ за населението погодено од разорниот земјотрес во Турција и Сирија во кој загинаа повеќе од 28.000 луѓе, нагласувајќи дека „не смееме да ги заборавиме“.

dobivaj vesti na viber

„Да продолжиме да бидеме солидарни, во молитва и конкретна помош, со населението што настрада во земјотресот во Турција и во Сирија“, рече папата по молитвата Ангел Господов во недела на плоштадот Свети Петар.

„Ги видов снимките од таа катастрофа, болката на луѓето кои страдаат поради земјотресот. Се молиме за нив и да не ги заборавиме, да размислиме што можеме да направиме за нив“ – додаде тој.

Во средата, Светиот Отец повика на меѓународна солидарност на општата аудиенција:

„Ги охрабрувам сите да бидат солидарни со жителите на тие области, од кои некои веќе беа измачувани од долгата војна“, рече тој.

Можете да прочитате

Русија со Трамп: Гренланд не е природен дел од Данска

Бројот на жртви во несреќата во Шпанија порасна на 41

Кина: Трамп нè покани во Комитетот за мир