Утрински Весник
Свет

Официјален претставник на ОН: Ги изневеривме луѓето зафатени од земјотресот од Сирија

Официјален претставник на ОН: Ги изневеривме луѓето зафатени од земјотресот од Сирија

Главниот службеник за хуманитарна помош на Обединетите нации, Мартин Грифитс, призна дека ОН не успеале да им помогнат на луѓето во областите под контрола на опозицијата во Сирија по разорниот земјотрес во понеделникот.

dobivaj vesti na viber

„Досега ги изневерувавме луѓето од северозападна Сирија. Тие со право се чувствуваат напуштени. Тие бараат меѓународна помош која не пристигна“, напиша Грифитс во твитот.

„Моја должност и наша обврска е да го исправиме тој пропуст што е можно побрзо. Тоа е мојот фокус сега“, додаде тој за време на посетата на пограничната област.

Семејствата на жртвите во градот Џиндирес, во провинцијата Идлиб, го кренаа знамето на ОН наопаку над зградите уништени од земјотресите за да го осудат недостатокот на помош од светската организација, според опозицискиот активист Осама Абу Зајд.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“