Утрински Весник
Свет

Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер: Итно приклучување на Украина во НАТО во овој момент би значело светска војна

Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер: Итно приклучување на Украина во НАТО во овој момент би значело светска војна

Тој пред новинарите изјави дека Владата на Унгарија не ги поддржува аспирациите на Украина кога станува збор за влез во НАТО и потенцијалниот влез на Киев во ЕУ го условува со заштита на правата на украинските национални малцинства.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на прашање за желбата на Украина да се приклучи на Алијансата, Гуљаш истакна дека секоја земја има право да поднесе барање за членство.

Зборувајќи за перспективите на Украина за членство во ЕУ, тој нагласи дека Киев мора да обезбеди напредок во заштитата на правата на националните малцинства, особено на Унгарците во Закарпатската област на Украина, доколку Будимпешта сака да го поддржи барањето на таа земја за членство во блокот, пренесе ТАСС.

„Законот за образование и националниот јазик, кој беше усвоен во Украина, во моментов не е во согласност со европските норми. Мора да се постигне напредок во однос на овие прашања“, додаде Гуљаш.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење