Утрински Весник
Спорт

Навивачите го пронајдоа „кртот“ во Јувентус

Навивачите го пронајдоа „кртот“ во Јувентус

Долги години Јувентус беше недопирлив на Апенините, но во последните сезони има пад, па популарните „бјанконери“ веќе не се конкурентни за „скудетото“, а во 2022 година не освоија ниту еден трофеј.

dobivaj vesti na viber

Пред неколку седмици дојде нов сериозен удар бидејќи беше донесена одлука на Јувентус да му бидат одземат 15 бода, па тимот се пресели во долниот дел од табелата во Серија А.

Во изминатите месеци многу играчи беа испрашувани додека се водеше истрагата, а навивачите сметаат дека Матија Де Шилјо е тој што „пропеал“ и им открил сѐ на истражителите.

Де Шилјо не беше долго време на теренот поради повреда. Тој доби шанса на последните два првенствени натпревари против Монца и Салернитана и навивачите веднаш се нафрлија кон него.

„Размислувам само за теренот. Треба да ме судат врз основа на тоа што го правам на теренот. За останатите работи, јас не згрешив ништо. Секогаш давам максимум на теренот за овој дрес бидејќи за мене тимот и клубот Јувентус се приоритет“, изјави Де Шилјо по натпреварот против Салернитана.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина