Утрински Весник
Свет

Шолц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија околу годишнината од нападот на Украина

Шолц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија околу годишнината од нападот на Украина

Европа како сигнал до претседателот Владимир Путин уште еднаш ќе ги заостри санкциите кон Русија во моментот кога се наближува годишнината од почетокот на рускиот напад врз Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц во пресрет на специјалниот самит на ЕУ.

dobivaj vesti na viber

„Путин нема да ги постигне своите цели – не на бојното поле и не преку диктиран мир“, рече Шолц во Бундестагот, пренесе „Ројтерс“.

Тој рече дека ЕУ ќе ја поддржува Украина сè додека е потребно во војната што почна на 24 февруари минатата година.

Можете да прочитате

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

Долгоочекуваното судење на наводниот организатор на нападите од 11 септември закажано за 2028 година

Медиуми: Директорот на ЦИА ја предупредил Русија да не напаѓа сојузници од НАТО