Утрински Весник
Економија

Недостиг на нафта нема да имаме, се планира зголемување и на минималната плата, вели Бектеши

Недостиг на нафта нема да имаме, се планира зголемување и на минималната плата, вели Бектеши
Ss2

Министерот за економија, Крешник Бектеши, уверува дека нема да се јави недостаток на нафта и нафтени деривати во Македонија. Тој посочи дека зависноста од руска нафта нема големо влијание во земјава. Бектеши говореше и за зголемување на минималната плата, како и за платите на административците.

dobivaj vesti na viber

„Согласно податоците, не повеќе од 20 проценти се користи нафта од руски рафинерии, другиот дел се увезува од компанијата ‘Еленика’ која не користи руска нафта. Зависноста од руска нафта нема да има големо влијание кај нас, ние не сме зависни од неа. Во однос на санкциите, политиката е да ги следиме сите рестриктивни мерки и ќе ги почитуваме одлуките на министерството за надворешни работи во поглед на ситуацијата во Украина“, посочи министерот.

Img 5587

Како што најави, во однос на платата на административните службеници зголемување би требало да има за 2000 денари, а се планира и зголемување на износот на минималната плата во земјава.

„Воведовме законско решение во утврдување на минималната плата, во март би требало таа да изнесува околу 20.500 денари. Би требало да има линеарно зголемување од 2000 денари на сите плати во администрација, има буџет за тоа. Ако некој се спротиствави на зголемување на платите би направил грешка, ние би направиле се да ги зголемиме платите, и во делот на минималната плата, а и во делот за платата за останатите административни службеници“, порача министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што соопшти министерот продолжува и субвенционирањето на сметките за струја на најранливите категории граѓани, а годинава за оваа мерка се предвидени 60 милиони денари.

„Субвенцијата ќе изнесува 600 до 800 денари, а јавниот повик е веќе објавен на веб-страницата на Министерството за економија и сите граѓани кои ги исполнуваат условите може да аплицираат најдоцна до крајот на февруари“, додаде тој.

Ss1

Можете да прочитате

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром

РКЕ: Минатата година само 2,75 проценти од струјата била обезбедена од увоз