Утрински Весник
Свет

Милков: Скопје ги поткопува обидите за унапредување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија

Милков: Скопје ги поткопува обидите за унапредување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија

Министерот за надворешни работи Николај Милков изјави дека Скопје ги поткопува обидите за унапредување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, пренесуваат бугарските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Обидите за градење и смирување на односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија беа поткопани со одредени конкретни постапки на властите во Скопје, кои од крајно неубедливи причини, кршејќи ги претходно дадените гаранции, не дозволија почит кон Гоце Делчев“, рече министерот за надворешни работи Николај Милков на брифинг во МНР, пренесуваат бугарските агенции.

Неговата изјава, како што стои во написите, беше во врска со ситуацијата околу одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Република Северна Македонија на 4 февруари.

Можете да прочитате

За секој напад на Иран во Хормуз САД ќе уништат по еден мост во Иран, се закани Трамп

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години