Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Уште едно сценарио на Мицкоски и Апасиев пропадна, не успеа планот за инциденти

СДСМ: Со континуитетот на Ванчо Михајлов, Мицкоски ја погази идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ

Пропадна уште едно сценарио на ВМРО-ДПМНЕ и Левица од една и бугарското ВМРО од друга страна, за создавање тензии, конфликти и хаос, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Државата, институциите, Министерството за внатрешни работи со одговорен ефикасен и професионален однос не дозволи да се случат инциденти.
Јавната безбедност беше зачувана на високо ниво, не се дозволија ескалации и загрозување на јавниот ред и мир, а чествувањето на 151 година од раѓањето, на македонскиот великан, визионер, револуционер, Гоце Делчев, се одвиваше мирно и достоинствено“, е потенцирано во соопштението од оваа партија.

Затоа, како што додаваат од таму, заложникот на Димитар Апасиев, Христијан Мицкоски е во очај и разочаран, бидејќи навремено беше спречен неговиот план за предизвикување инциденти.

Можете да прочитате

Димовски: Растот на капиталните инвестиции е поголем во 2025, вратите на ТИРЗ се отворени и за домашните компании

Николоски: Македонија води достоинствена политика за влез во ЕУ и не се понижуваме, во реализација на Планот за раст сме во врвот 

Димовски: Тензиите на Блискиот Исток носат трошоци, цената на гасот порасна, но компаниите во ТИРЗ се справуваат и бележат раст!