Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети и Ковачевски со криминал и во спортитот, оставка од Мојсовски по сомнението за малверзации

ВМРО-ДПМНЕ: Наумче Мојсовски да си поднесе оставка од АМС заради скандалот со распределба на ваучери
300x250 (7)

Ахмети и Ковачевски со криминал и во спортитот, Наумче Мојсовски по сомнение за малверзации од милијарда денари, оставка веднаш, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението на опозициската партија е наведено дека ДКСК утврдила дека Наумче Мојсовски, како директор на Агенцијата за млади и спорт, како и Комисијата која ја назначила владата извршила злоупотреба во ваучер системот за доделување на пари на спортски клубови и федерации, за што Мојсовски добил и кривична.

Ss1

„Наместо да го разреши веднаш, Ковачевски го чува Мојсовски на позиција, и со тоа му овозможува и понатаму да продолжи со делото кое му се става на товар. Постојат сомнежи дека фондот на пари со кој оперирал Мојсовски од скоро 1 милијарда денари завршувал кај клубови и федерации по принцип на фаворизирање, и изборот е правен по сугестија на политички партии. Зошто Ковачевски не го менува Мојсовски, и дали со тоа само покажува дека и тој е дел од системот на распределба?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, не остана сектор во државата, каде нема криминал, со Ковачевски и Ахмети, Македонија тоне. Оценуваат дека сите функционери се копија на лидерите кои ги поставиле.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт