Утрински Весник
Македонија

(Видео) Падна системот на Деве Баир, дел од Бугарите не можат да влезат во земјава

(Видео) Падна системот на Деве Баир, дел од Бугарите не можат да влезат во земјава
Dik 300x250 mk

Близу два часа не е функција системот на граничниот премин меѓу Македонија и Бугарија, Деве Баир и има застој за влез во земјава.

dobivaj vesti na viber

Дел од бугарските граѓани тргнати да оддадат почит на великанот Гоце Делчев стојат заглавени во колона на граничниот премин.

Бугарските здруженија најавија дека околу 150 граѓани со автомобили ќе дојдат да оддадат почит.

Чествувањето по повод 151 година од раѓањето на Гоце Делчев утрово почна без официјаните бугарски делегации. Тие, според најавите, се очеува да пристигнат подоцна во текот на денот. Официјалната делегација ќе ја предводи министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов.

Македонскиот државен врв се поклони на гробот на Гоце Делчев, а на пат кон црквата е лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски со голема делегација.

Можете да прочитате

Европска комисија: Нула напредок во судството и борбата со корупцијата

Две лица загинаа во тешка сообраќајка на патот Прилеп – Росоман

Сообраќајна несреќа на патот Дреново – Прилеп, сообраќајот во прекин