Утрински Весник
Македонија

ЗНМ: Новинарите повторно спречени да известуваат од јавен настан

ЗНМ: Новинарите повторно спречени да известуваат од јавен настан
Dik 300x250 mk

Здружението на новинарите на Македонија реагира на односот на полициските службеници, кои во текот на денешниот ден спречуваа новинари и медиумски екипи да си ја вршат професионално својата работа околу црквата „Свети Спас“ во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во пресрет на чествувањето за Гоце Делчев, Здружението на новинарите потенцира дека со оглед на тоа што станува збор за настан од исклучителен јавен интерес, неопходно е да се обезбедат услови за непречено известување на новинарите како на самиот ден на известување така и денеска.

До ЗНМ, како што информираат од таму, пристигнала реакција од повеќе новинари и медиумски работници, кои биле спречени при вршење професионална работата на јавен простор околу црквата „Св. Спас“, каде што се наоѓаат моштите на Гоце Делчев.

„На прашањето зошто не смее да снимаат, од службата за комуникации при МВР добиле одговор дека имаат таква наредба, притоа без детали за одлуката. Бараме од МВР да овозможи пристап и да не ги попречуваат правото на работа на новинарите и правото на информирање на граѓаните. ЗНМ бара од МВР да овозможи пристап за новинарите и медиумските екипи на локациите за кои новинарите сметаат дека се важни за јавноста, со цел да се заштити слободата на известување и јавно информирање“, додаваат од таму.

Со почит кон безбедносните протоколи и процени на МВР, укажуваме, додаваат од ЗНМ, дека тие не треба да водат кон цензура во која новинарите и јавноста би биле лимитирани или целосно скратени за информациите поврзани со овој настан од исклучителен јавен интерес.

Можете да прочитате

Беличанец: СДСМ може да победи, потребна е јасна социјална политика за сите категории граѓани

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица