Утрински Весник
Спорт

Мартинели останува во Арсенал до 2027 година

Мартинели останува во Арсенал до 2027 година

Англискиот премиерлигаш Арсенал доведе неколку засилувања оваа зима, но исто така размислува и за задржување на постоечкиот кадар. Раководството на „топчиите“ го продолжи договорот со бразилскиот интернационалец Габриел Мартинели.

dobivaj vesti na viber

„За нас е голема работа што Габриел потпиша нов договор со клубот. Нашата идеја е да градиме тим од млади таленти, каков што е тој“, изјави Еду, спортскиот директор на Арсенал.

Мартинели дојде во Арсенал како 18-годишно момче, а оваа сезона се наметна како еден од адутите во битката за шампионската титула.

За Арсенал има вкупно 111 меча, со ефект од 25 гола и 16 асистенции.

Можете да прочитате

8. ден од СП: БиХ се соочува со Швајцарија, Мексико и Јужна Кореја за првото место во групата

Гроздановски: Талентите се губат поради притисокот од родителите во Македонскиот фудбал

Португалија разочара одигра нерешено со ДР Конго