Утрински Весник
Македонија

Исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани ќе се изврши на 13 февруари

Велешанец со измама останал без 18.000 денари
300x250 (7)

Министерството за труд и социјална политика, ги известува граѓаните дека паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.02.2023 година.

dobivaj vesti na viber

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе се објави на 6-ти февруари 2023 година и тоа:

Ss1

На веб страната на Министерството за труд и социјална политика (корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош)

На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување)

На веб страната на Агенцијата за вработување (невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок).

Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.

Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта [email protected]

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Министерството за труд и социјална политика, веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, по истекот на три дена од денот на објавувањето.

Ss1

Можете да прочитате

Битиќи: Сплотени и солидарни на 1-ви мај, со победа на СДСМ на 8-ми мај за уште поголеми плати на работниците

Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати 

МВР и колегите од Турција ја договараат екстрадицијата на Палевски во Македонија