Утрински Весник
Магазин

(Видео) Корисници на интернет ја пронајдоа сопругата на Сонг Јонг-ки во стара реклама со Џорџ Клуни

(Видео) Корисници на интернет ја пронајдоа сопругата на Сонг Јонг-ки во стара реклама со Џорџ Клуни

Заборавете на Шерлох Холмс бидејќи јужнокорејските ‘нетизени’ (интернет-корисници) ги ставија своите детективски шапки, пишуваат азиските шоу-биз медиуми.

dobivaj vesti na viber

Со оглед на тоа што срцекршачот Сонг Јонг-ки се ожени и чека дете, љубителите на јужнокорејската драма се прашуваат која е неговата избраничка, недостижната Кејти Луиз Саундерс.

Претходно открија дека таа е актерка со ќерка од претходната врска. Овој пат интернетските детективи открија една од нејзините актерски улоги, а нејзин колега е никој друг, туку холивудскиот џин Џорџ Клуни.

Во рекламата на „Неспресо“, Џорџ се обидува да ја земе последната капсула кафе кога му приоѓа убава жена и го разнежнува велејќи му: „Ги гледав сите ваши филмови, вие сте толку шармантен и толку секси“, пред да му ја грабне капсулата.

Следниот пат кога Џорџ го подготвува своето кафе во рекламата, Кејти се појавува пред него и го прашува: „Дали сте вие господин Џорџ Клуни?“

Овој пат холивудскиот љубимец  ја научи лекцијата и ѝ вели дека сигурно греши.

Откако повторно се појави на онлајн-форумот The Qoo на 1 февруари, јужнокорејските корисници на интернет се сеќаваат дека ја гледале таа реклама.

Многумина се воодушевија од Кејти пишувајќи: „Таа е толку убава и шармантна“, „Каква убавица“, а друг корисник коментира: „Ако снимила реклама со Џорџ Клуни, тогаш сигурно била прилично позната“.

„Те молам, продолжи да глумиш!“, напиша друг.

Минатата година, кога се прошири веста за врската меѓу Кејти и Сонг Јонг-ки, британските таблоиди објавија дека таа е италијанска актерка со британско потекло. Родена од татко Британец и мајка Колумбијка, детството го поминала патувајќи меѓу Лондон и Италија.

Можете да прочитате

(Видео) Кинезите изградија единствен пат во светот, кој минува низ средина на река

Кејт Бекинсејл блесна на моден настан во Лос Анџелес

Том Круз нема никаков удел во животот на ќерка си Сури