Утрински Весник
Македонија

Три возила се судрија на Стража: Комбе е превртено, возач е повреден

Три возила се судрија на Стража: Комбе е превртено, возач е повреден

Три возила се судриле, а комбе со скопски регистрации е превртено пред превојот „Стража“. Од МВР за „Макфакс“ велат дека едно лице е пренесено и во болница. Екипа со јавен обвинител излегла на терен.

dobivaj vesti na viber

„Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три товарни моторни возила (комбиња):„ивеко“ со прилепски регистарски ознаки управувано од 46-годишниот Р.Б. од Прилеп, „фиат“ со скопски ознаки што го управувал 39-годишниот скопјанец Ц.М. и „пежо“, исто така, со скопски регистарски ознаки управувано од 38-годишниот скопјанец И.А“, велат од МВР.

Сообраќајот повеќе не е во прекин, а возилото е отстрането.

„Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот на „пежото“ И.А., кој бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош“, додава од МВР.

Можете да прочитате

Мицкоски: Не сум задоволен од испораката на правдата на судството и обвинителството, тоа е слабата страна на нашето општество

Над 216 македонци имаат бугарски пасош

Томас Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија