Утрински Весник
Магазин

Џулија Робертс и Џенифер Анистон во ист филм

Џулија Робертс и Џенифер Анистон во ист филм

Џулија Робертс и Џенифер Анистон ќе ги заменат телата во претстојната комедија на режисерот на „Палм Спрингс“ Макс Барбаков.

dobivaj vesti na viber

„Амазон“ го доби филмот по тендерската војна помеѓу неколку студија и стримери, дознава „Дедлајн“, кој прв ја објави веста за проектот.

Барбаков ќе го пишува сценариото и ќе го режира претстојниот филм, позади кој стои продуцентската куќа на Маргот Роби, „Лаки-чеп ентертејнмент“. CAA посредуваше во продажбата на „Амазон“.

Освен информациите за талентираните актерки и за финансиерите, нема ништо друго познато за филмот.

Неодамнешниот успех на „Билет за рајот“ со Робертс и Џорџ Клуни, како и „Изгубениот град“ со Сандра Булок и Ченинг Тејтум во главните улоги, докажа дека постои вистинска побарувачка за комедии со ѕвезди во време кога жанрот се бори на комерцијален план.

На киноблагајните, „Билет за рајот“ (Ticket to Paradise) и „Изгубениот град“ (Тhe Lost City) заработија по повеќе од 150 милиони долари во светски рамки.

Можете да прочитате

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак