Утрински Весник
Македонија

(Вознемирувачка снимка) Анима Мунди: Ние сме опкружени со дивјаци, а животните во Македонија се изложени на терор

(Вознемирувачка снимка) Анима Мунди: Ние сме опкружени со дивјаци, а животните во Македонија се изложени на терор

„Анима мунди“ објави вознемирувачко видео на кое се гледаат две лица како измачуваат куче. Го држат врзано и го удираат со црево. Од „Анима мунди“ бараат најстрога казна и одземање на секое животно кое го поседуваат овие лица.

dobivaj vesti na viber

„Ајде да видиме дали уште ќе јаде кокошки“ велат тие на видеото.

„ Ние сме опкружени со дивјаци, а животните во Македонија се изложени на терор каков што не може да се објасни! Видео најдено на страната на Стефан Ташков од Радовиш со кое, со ваква најава се гордее и јавно се фали. Итно најстрога казна и одземање на секое животно кое го поседуваат овие малоумници и садисти, итна кривична одговорност! Итно спроведување на инспекциски надзор на АХВ , полициски истраги во секој град и село ви Македонија зошто пред очите на сите – неказнето – те со отрови, камшици, те со пушки, се спроведуваат убиства или се мачат живи битија, дела за кои би бил затворски санкциониран секој, во секоја нормална држава во светот. Не да се тормозат и казнуваат активисти за секаква тривијалност и глупост, туку монструмите кои се меѓу нас кои фрапантно, без страв и срам го прекруваат Законот за заштита и благосостојба на животните и Кривичниот закон. Позиција за животни, најстроги казни за мачење и убивање на животните нивна примена, наместо празни зборови на хартија!“ велат од здружението.

Оттаму додаваат дека институционалниот молк ги охрабрува социопатите, насилниците, како и дека институционалната зачмаеност е директен причинител и резултира во сериозни и неповратни општествени девијации во Македонија.

Можете да прочитате

Полицаец побарал и примил поткуп за да не собере возило со „Пајак“

Нова опрема на ФЕИТ за унапредување на заштитата на медицинските лица од јонизирачко зрачење

Притвор за маж од Естонија осомничен за силување на 14-годишно дете