Утрински Весник
Свет

Бајден испраќа во Украина моќни ракети, но не се тие што ги бараше Зеленски

Бајден испраќа во Украина моќни ракети, но не се тие што ги бараше Зеленски
Dik 300x250 mk

САД подготвуваат пакет воена помош од 2 милијарди долари за Украина, вклучително и ракети со долг дострел, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на два извори блиски до администрацијата на Џо Бајден.

dobivaj vesti na viber

Според еден извор, 1,725 ​​милијарди долари ќе дојдат од Иницијативата за безбедносна помош на Украина (УСАИ), која ѝ овозможува на Белата куќа да набавува оружје од индустријата, наспроти постоечките американски залихи.

Средствата ќе бидат искористени за купување на ракетата GLSDB, која има дострел од 150 километри. САД, наводно, го одбиле барањето на Украина за испорака на американски ракети ATACMS, кои имаат дострел од 297 километри, побарано од Володимир Зеленски.

Дометот на GLSDB од 150 километри ќе ѝ овозможи на Украина да погоди воени цели кои сега се надвор од нивниот дострел и да продолжи со контранапади.

Се очекува пакетот да вклучува опрема за поддршка на системот за противвоздушна одбрана Патриот, прецизно наведувана муниција и противтенковско оружје Џавелин.

Деталите за пакетот треба да бидат објавени во текот на неделата.

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија