Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Пендаровски да не ги штитат и да ги кажат странските агентури, кои стојат зад тензиите со Бугарија

Пендаровски и Ковачевски изразија сочувство за експлозијата во Истанбул
Ss2

Ковачевски и Пендаровски се уште молчат пред македонската јавност, за тоа дека странски агентури работат и стојат зад тензиите помеѓу Македонија и Бугарија. Тие треба да престанат да ги штитат и јавно да ги кажат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Самото молчење од нивна страна повлекува повеќе прашања и нејаснотии. Ако ова е вистина, зошто транспарентно не излезат да соопштат кои се тие лица и агентури, кои отворено работат против државата или можеби некој од власта ги штити?

Ss1

Исто така во случај да се работи за несреќна изјава на Пендаровски, односно тоа што го кажа ако не е вистина, која е причината? Причината е да се скрие и да се замајува јавноста од неспособноста на Пендаровски и владата, да ги штитат националните интереси на Република Македонија.

Дали Ковачевски и Пендаровски работат за интересите на странските служби кои ги подбуцнуваат инцидентите. Оваа власт е неспособна на секое можно поле и е достигнато секое можно дно, кое може да се постигне во политиката“ се додава во соопштението на партијата.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт