Утрински Весник
Македонија

Грковска во Вашингтон: Економскиот напредок и реформите дома се клучни за одбрана од штетните надворешни влијанија

Грковска во Вашингтон: Економскиот напредок и реформите дома се клучни за одбрана од штетните надворешни влијанија
Img 5587

Воената агресија на Русија врз Украина ни докажа дека мирот не може и не смее да се зема здраво за готово и дека меѓународниот поредок, независно од тоа што се темели на општоприфатени правила се соочува со сериозни предизвици. Случувањата последнава година се потсетување и предупредување дека не секој цели кон мир“, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во денешното обраќање на безбедносниот форум што се одржува во Вашингтон, САД, на тема „Како да се спречи руската агресија врз Украина и штетното влијание на Кина во Европа“, во организација на конгресмените Роберт Адерхолт и Пит Сешнс.

dobivaj vesti na viber

Таа нагласи дека во моментов светот се соочува со најголемата безбедносна криза од крајот на Студената војна, а до сега се одбележува една година од почетокот на таа криза.

Ss1

Вицепремиерката Грковска информираше дела Северна Македонија, но и другите земји од Западен Балкан се изложени на зголемено руско влијание, чија агенда е сосема спротивна од онаа на западноевропските земји.

„Северна Македонија е одличен пример за земјите од регионот дека и тешко остварливите цели, како што е членството во НАТО, но и почеток на преговорите со Европската Унија се можни. Тоа бара упорност и стремеж кон вистинските цели, но и посветеност кон реформите, кои пред сè се неопходни за граѓаните дома“, нагласи вицепремиерката Грковска.

Во своето обраќање, вицепремиерката Грковска, нагласи дека за Република Северна Македонија, но и за сите земји од регионот, најважно е континуирано да работат на економскиот напредок и развој, владеење на правото и обезбедување подобра иднина за младите, бидејќи на тој начин поефикасно ќе се справат со разните штетни политички влијанија.

На крајот, вицепремиерката Грковска, порача дека треба да се избегнуваат двојните стандарди и дека земјите членки на НАТО и ЕУ треба да бидат пример за почитување на демократските вредности за сите држави во регионот, зошто само на таков начин ќе се овозможи земјите од регионот да се фокусираат на иднината, бидејќи тоа е гаранција за напредок и просперитет на целиот регион.

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години