Утрински Весник
Свет

(Видео) Масовно пукање во луксузна населба во Лос Анџелес, најмалку тројца загинати

(Видео) Масовно пукање во луксузна населба во Лос Анџелес, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а четворица се повредени во престрелка во Калифорнија рано утринава.

dobivaj vesti na viber

Наредникот Френк Пресијадо од полициската управа во Лос Анџелес потврди дека пукањето се случило нешто по 2:30 часот во Беверли Крест, луксузна населба во Лос Анџелес, пренесе АП.

Од седумте лица кои беа застрелани, четворица биле надвор, а тројца се наоѓале во возилото.

Повредените се пренесени во болница и се во критична состојба.

Пресијадо рече дека нема информации што довело до пукањето.

Ова е четврто масовно пукање во Калифорнија овој месец.

Можете да прочитате

Трамп за потенцијално одење во затвор: Тоа е жртва што сум подготвен да ја направам

Ванхојте ќе биде медијатор за отворање на патот за преговорите на земјава со ЕУ

Турција: Офанзивата во Рафа уште едно воено злосторство на Израел