Утрински Весник
Свет

Победа на генералот Петр Павел на претседателските избори во Чешка, според првичните резултати

Победа на генералот Петр Павел на претседателските избори во Чешка, според првичните резултати

Премиерот Петр Фијала му честиташе на Петр Павел за обезбедената победа на претседателските избори во Чешка.

dobivaj vesti na viber

По резултатите од пребројани гласови од 96,9 отсто од избирачките места, тој има 57,8 отсто од гласовите наспроти неговиот противкандидат Андреј Бабиш со 42,2 отсто поддршка, соопшти чешкиот статистички институт, пренесува Ројтерс.

Конечните резултати се очекуваат подоцна денес.

Пензионираниот шеф на чешката армија и изразито прозападен кандидат според сите прогнози се сметаше за победник на на претседателските избори во Чешка, а познатата чешка обложувалница Tipsport понуди коефициент од 1,06 за неговата победа денес, додека беше објавен коефициент 10,6 за победа на Бабиш.

Избирачките места во вториот круг од изборите за претседател на Чешка се затворени денес во 14 часот по локално време и во тек е броењето на гласовите, а излезноста надмина 60 отсто.

Првиот круг од претседателските избори во Чешка се одржа од 13 до 14 јануари, одѕивот беше 68,24 отсто. Поранешниот шеф на воениот комитет на НАТО, 61-годишниот Петр Павел освои 35,4 отсто и го зазеде првото место, а со него во вториот круг излезе и поранешниот премиер и милијардер, 68-годишниот Андреј Бабиш.

За победа на изборите доволно е еден од кандидатите во вториот круг да добие просто мнозинство гласови.

Прелиминарните резултати од гласањето ќе бидат објавени вечерва, а во недела наутро ЦИК ќе ги соопшти официјалните резултати.

Инаугурацијата на новиот претседател, наследникот на актуелниот шеф на државата, Милош Земан, кој на таа функција беше два мандата, ќе се одржи на 8 март.

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади