Утрински Весник
Спорт

Дојдоа во Мелбурн со вајлд-карта, си замина со титулата

Дојдоа во Мелбурн со вајлд-карта, си замина со титулата

Победници на Австралија опен во конкуренција на машки двојки се Ринки Хијиката и Џејсон Кублер.

dobivaj vesti na viber

Хиџиката и Кублер во големото финале во два сета ги победија Иго Ниш од Монако и Јан Зелински од Полска.

Во сетови резултатот беше 2:0 (6:4, 7:6) , а дуелот заврши за 85 минути.

За австралиското дуо ова беше прв заеднички настап и прв Грен слем. За целата приказна да биде уште позабавна, тие на турнирот дојдоа со специјална покана.

Еден брејк им беше доволен на новите шампиони во првиот сет, кој го направија во третиот гем без загубен поен.

Вториот сет донесе поголема драма и голема борба, но ниту еден пар не успеа да се избори ниту за шанса за брејк.

На крајот се беше решено во тај-брејк, Хиџиката и Кублер претрпеа по еден мини брејк, но направија два.

Тие добија и парична награда од 695.000 австралиски долари.

Можете да прочитате

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе се врати на теренот на 18 мај во Женева

Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се пресметаат за вториот билет на „Вембли“

Панатинаикос му се приклучи на Реал на кошаркарскиот фајналфор