Утрински Весник
Спорт

Шпанците немоќни за нов подвиг – Данска ќе оди на хет-трик титули

Шпанците немоќни за нов подвиг – Данска ќе оди на хет-трик титули

Данска ќе се обиде по третпат едноподруго да стане светски шампион во ракомет, откако во мега-дуелот од полуфиналето не дозволија уште еден камбек на Шпанија, победувајќи ја „фуријата“ со 26:23 (15:10).

dobivaj vesti na viber

Шпанците, кои во четврт-финалето, по драматични продолженија ја елиминираа Норвешка враќајќи се од голема разлика, и овојпат се заканија дека ќе го направат истото во второто полувреме, откако Данците имаа предност од пет гола на полувреме.

Меѓутоа, откако се доближија на само гол разлика (20:21), Данска врати со серија да се одлепи на +5. Меѓутоа, последните минути повторно беа драматични, откако Перез де Варгас му одбрани пенал на Микел Хансен, Шпанците добија шанса на минута до крај да се доближат на гол-разлика. Меѓутоа, бидејќи повторно беше досуден пенал, овојпат беше време Никлас Ландин да покаже што умее, бранејќи му го ударот на Феран Соле за обезбедување на победата.

Симон Питлик беше најефикасен за Шпанија со шест гола, Магнус Саугструп додаде пет, додека кај Шпанците, Алекс Душебаев заврши со пет гола.

Данска, сега го чека подобриот од второто полуфинале, Франција-Шведска, во големото финале.

Можете да прочитате

И машката македонска репрезентација ќе игра финале на Светското училишно првенство во ракомет

Македонските ракометарки обезбедија медал на Светското првенство за средношколки

Јокиќ казнет со 50 илјади долари