Утрински Весник
Свет

Совет на Европа: Ни треба нов хашки суд за да им суди на руските и белоруските лидери

Совет на Европа: Ни треба нов хашки суд за да им суди на руските и белоруските лидери

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) едногласно побара формирање на специјален меѓународен кривичен суд во Хаг за кривично гонење на руските и белоруските политички и воени лидери кои „ја планирале, подготвувале, иницирале или извршиле“ руската агресија во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Без нивната одлука да ја водат оваа агресивна војна против Украина, нема да имаше злосторства што ќе произлезат од неа, како и уништување, смрт и штета“, објави собранието.

На пленарната седница беше одобрена резолуција врз основа на извештајот на швајцарскиот парламентарец Демиен Котие.

Таквиот суд треба да биде „одобрен и поддржан од што е можно повеќе земји и меѓународни организации, а особено од Генералното собрание на Обединетите нации“, се наведува во резолуцијата.

Советот на Европа треба да преземе активна водечка улога и да обезбеди конкретна поддршка, се додава.

Советот на Европа е меѓународна организација со седиште во Стразбур, основана по Втората светска војна за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото во Европа. Во моментов има 46 земји-членки, откако Русија се повлече од членството во март минатата година.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина