Младинскиот културен центар ја демантира скоската градоначалничка, Данела Арсовска, која претходно денес на прес-конференција обвини за сериозни злоупотреби на средствата и буџетот на Градот во оваа институција.
„Програмскиот колегиум на ЈУ МКЦ е шокиран и целосно згрозен од изнесувањата на прес конференцијата на градоначалничката на Град Скопје. Најостро ги демантираме изнесувањата на прес конференцијата кои содржат тешки инсинуации, неосновани обвинувања и податоци, како и непоткрепени информации целосно извадени од контекст. Истите тие се предмет на клевета согласно законските прописи и нивна цел е целосно нарушување на интегритетот на институцијата и вработените кои се предмет на овие обвинувања“, велат од МКЦ.
Оттука најавија дека нивниот одговор ќе биде изнесен утре на прес-конференција.