Утрински Весник
Спорт

Пред точно 28 години, Кантона влезе во легендите со славниот кунг-фу удар

Пред точно 28 години, Кантона влезе во легендите со славниот кунг-фу удар

На Ерик Кантона пред точно 28 години, на 25 јануари 1995 година, толку му се „помрачи“ по навредите на национална основа која ги добиваше од навивачот на Кристал палас, Метју Симонс, што реши да му упати кунг-фу удар, во еден од најславните моменти во историјата на Премиерлигата, престап за кој доби деветмесечна суспензија и за малку ќе се пензионираше од фудбаалот.

dobivaj vesti na viber

Кантона постојано тврдеше дека не жали што го удрил навивачот, иако последиците за него беа лоши – тој доби долга суспензија, му беше одземена капитенската лента во француската репрезентација, и првично доби казна од 2 недели затвор, која потоа беше преиначена во 120 час јавна работа.

„Сум бил навредувам илјадници пати во кариерата и не сум реагирал, но понекогаш е така. Жалам само за едно. Сакав да го удрам уште посилно“, изјави Кантона минатата година.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари