Утрински Весник
Спорт

Барса уште не може да го регистрира Гави, иако тој ќе продолжи да игра за нив!

Барса уште не може да го регистрира Гави, иако тој ќе продолжи да игра за нив!
300x250 (7)

Иако е еден од постојаните првотимци и голема надеж на каталонскиот клуб, Барселона уште не може да го регистрира Гави како играч на првиот тим во Ла лига, но сепак, тој ќе може да продолжи да игра во тимот, само не со неговиот посакуван број 6 на грбот.

dobivaj vesti na viber

18-годишниот фудбалер од средниот ред има 26 настапи во сите натпреварувања за Барса, а беше дел и од шпанската репрезентација на СП во Катар. Тој во септември потпиша шестгодишен договор со откупна клаузула од 1 милијарда евра, што беше негов втор професионален договор, по тој во 2020, кој го потпиша на 16 години, а планот беше и да го носи бројот на Чави Ернандез, „шестката“, заменувајќи го бројот 30.

300x250 (7)

Но, според „Марка“, Барселона, поради сите финансиски проблеми уште не може да го регистрира како играч на првиот тим, и покрај заминувањата на Жерард Пике и Мемфис Депај, бидејќи немаат генерирано доволно заштеда за следната сезона.

Ова значи дека Гави ќе може да продолжи да игра според договорот од 2020 година, барем до летото, и ќе мора да го носи бројот 30.

Според „Марка“, Барселона исто така не може да ги регистрира и новиот договор на Роналд Араухо, ниту договорите на младите Ињаки Пења и Алехандро Балде.

Ss1

Можете да прочитате

Скандал во Премиер лигата: Двајца фудбалери уапсени под сомнение за силување

Ограбена куќата на Лука Вилдоза во текот на натпреварот на неговиот тим во Евролигата

Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на Челзи