Утрински Весник
Спорт

Познати се полуфиналните двојки кај дамите на Австралија опен

Познати се полуфиналните двојки кај дамите на Австралија опен
Ss2

Познати се полуфиналистките на Австралија опен. Тоа ќе бидат дуели на тенисерки од Источна Европа. Магда Линет ќе игра против Арина Сабаленка, додека Елена Рибакина ќе ги одмери силите со Викторија Азаренка.

dobivaj vesti na viber

Три од четирите тенисерки се поранешни гренслем шампионки, а единствено Полјачката Линет, која моментно е на 45. место на ВТА листата, ова и е најдобриот пласман во кариерата на најголемите турнири. Линет со 2:0 во сетови ја победи Каролина Плишкова, со 6:3, 7:5.

300x250 (7)

Противничка ќе и биде Белорусинката Сабаленка, шампионка на Мелбурн во 2021 година, но и на УС Опен во 2019 година. Таа моментно е на петторангирана на ВТА листата, а во четврт-финалето ја совлада Дона Векиќ со 6:3, 6:2.

Сонародничката на Арина, Викторија Азаренка, сака ја продолжи потрагата по третата титула во Австралија опен, по 2012 и 2013 година. Таа ќе игра против 25. тенисерка на ВТА листата, Елена Рибакина, Казахстанка со руско потекло, актуелна победничка на Вимблдон.

Ss1

Можете да прочитате

Срамно скандирање и недолични гестови на Олд Трафорд

Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако сум конкурентен и ако телото ме слуша

Лејкерси го уништија Денвер, не помогна ниту трипл-даблот на Јокиќ