Утрински Весник
Македонија

Отворена истрага за убиството во Богомила, мажот починал пред очите на сопругата и децата

Отворена истрага за убиството во Богомила, мажот починал пред очите на сопругата и децата

Шеесетгодишниот маж бил претепан до смрт пред членовите на своето семејство, велат од Обвинителството од каде што отворија истрага против осомничениот, 21-годишен жител на Богомила кој се гони за убиство.

dobivaj vesti na viber

„Осомничениот, на 22 јануари, со умисла лишил од живот едно лице. Оштетениот 60-годишник дошол до куќата на осомничениот да ги повика својата сопруга, ќерката и помалиот син кои биле во домот на осомничениот да се вратат дома. Осомничениот на тоа излегол надвор и без причина започнал да го удира оштетениот со тупаници во пределот на градите. Ќерката на оштетениот ги раздвоила, но од повредите оштетениот починал“, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост за осомниченото лице.​​

Можете да прочитате

СДСМ: Организираната кампања на омраза продолжува, заедно со цензурата кон нас

Еве каква е состојбата на патиштата и границите утрово

Уапсен 19-годишникот кој удри пешак во Скопје и избега – „фиат пунтото“ одземено