Утрински Весник
Спорт

Хачанов ги налути Азербејџанците со пораките за Карабах

Хачанов ги налути Азербејџанците со пораките за Карабах

Азербејџанската тениска федерација побара ИТФ да го казни рускиот тенисер Карем Хачанов, кој двапати на Австралија опен ја изрази својата поддршка за регионот Нагорно-Карабах, за кој спорат Азербејџан и Ерменија.

dobivaj vesti na viber

26-годишнит Хачанов, кој се пласираше во четврт-финалето на грен слем турнирот, пораките кои се пишуваат на камерата ги насочи за да крене свесност за конфликтот меѓу двете земји. Хачанов е роден во Москва, но има ерменско потекло.

„Артсах, остани силен“, напиша Хачанов во петокот по победата над Френсис Тијафоу, ддека во неделата по победата над Јошихито Нишиока додаде: „Продолжете да верувата и да се борите до крај. Арстах стани силен“.

Нагорно Карабах, или на ерменски Артсах, е регион на Азербејџан со ерменско мнозинство кој прогласи независност во 1988 година, и оттогаш двете земји се во конфликт. Пораките на Хачанов доаѓаат по кризата околу коридорот Лачин во последните месеци, единствената врска на Нагорно Карабах и Ерменија.

Можете да прочитате

Ла Лига со критики за Винисиус

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа