Утрински Весник
Македонија

Во Брисел почна билатералниот скриниг за „Внатрешен пазар“

Во Брисел почна билатералниот скриниг за „Внатрешен пазар“

Денес во Брисел почнува билатералниот скрининг за вториот Кластер, „Внатрешен пазар“, со скрининг состанок за Поглавјето 3, „Право на основање и слобода на давање услуги“.

dobivaj vesti na viber

Делегацијата ја предводи заменичката на главниот преговарач на Северна Македонија со Европската унија, Дрита Абдиу-Халили, а присутни се и координаторот на Кластерот 2, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и Крешник Бектеши, министер за економија, како прв човек на институцијата која е носител на Поглавјето 3.

На денешниот билатерален скрининг состанок за Кластерот „Внатрешен пазар“, ќе бидат презентирани теми поврзани со борбата против корупцијата во вршењето на услугите и информативниот систем на внатрешниот пазар и а заклучоците и препораките што ќе произлезат од истиот ќе ги одредат нашите државни политики како и следните реформски чекори во пристапниот процес.

„Ја препознаваме важноста на областите кои се дел од Поглавјето 3, „Правото на основање и слобода на давање услуги“ и тоа го потврдуваме со активно учеството на земјата во Регионалната економска зона и исполнувањето на повеќегодишниот акциски план, каде што сите држави на Западен Балкан имаат за цел да измерат колку што е можно повисоко ниво на усогласеност. Спроведуваме и вклучуваме активности за отстранување на пречките во процесот на признавање на професионалните квалификации и подобрување на обезбедувањето прекугранични услуги“ – истакна во своето обраќање заменичката на главниот преговарач, Дрита Абдиу-Халили.

Исто така пред претставниците на Европската комисија се обрати и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој меѓу другото истакна дека посветени сме и работиме напорно за секоја препорака нотирана во последниот извештај на Европската Унија.

– Со гордост можам да истакнам дека по повеќе од две години од процесот на консултации со сите релевантни актери, сме во завршна фаза на изработка на новиот систематски закон за работни односи. Со одобрувањето на овој закон, како и со веќе утврдениот предлог за измени на законот за поштенски услуги, ќе се осврнеме на препораките од Поглавјето 3 – Правото на основање и слободата на давање услуги, посочи вицепремиерот Битиќи.

Министерот Бектеши, во воведно излагање, рече дека Министерството за економија, како надлежен министерство, во соработка со други институции континуирано спроведува активности за почитување на законодавството на Европската Унија и зајакнување на административните капацитети во областа на услугите.

Со оглед на комплексноста на ова поглавје и хоризонталната поврзаност што ја има меѓу кластерите и поглавјата, делегацијата на Северна Македонија на оваа билатерална скрининг средба е составена од претставници од: Министерството за економија, Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Министерството за образование и наука, Министерството за правда, Централниот регистар, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за катастар.

Денес и утре завршуваат скрининг состаноците за Поглавјето 3, а до крајот на неделата ќе се одржат и билатералните состаноци за Поглавјето 6, „Право за трговски друштва“ и Поглавјето 7, „Право за интелектуална сопственост“.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм