Утрински Весник
Свет

Дачиќ: Штетно е Вучиќ воопшто и да размислува за оставка

Дачиќ: Штетно е Вучиќ воопшто и да размислува за оставка

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, оцени дека ова се денови од суштинско значење за виталните национални и државни интереси на Србија, кога е потребно политичко и државно единство за прашањето за Косово и Метохија и посочи дека е штетно претседателот Александар Вучиќ дури и да размислува за оставка.

dobivaj vesti na viber

Дачиќ рече дека најважно е мудро и решително да продолжи дијалогот со јасна цел Србија да биде дел од современиот свет, да стане членка на ЕУ и да продолжи со економскиот развој, а од друга страна да ги заштити своите национални и државните интереси на најдобар начин.

„Затоа мислам дека е апсолутно штетно што Вучиќ воопшто размислува да поднесе оставка. Знам дека тоа го мисли за да ја одбрани Србија, ако нема друг начин. Но, тоа нема да го направи само ако сме обединети и имаме заеднички пристап“, изјави Дачиќ за Телевизија „Хепи“.

Во пресрет на денешната седница на Владата на Србија за Косово, на која ќе присуствува и Вучиќ, Дачиќ посочи дека нема сомнеж оти претседателот на Србија ужива недвосмислена поддршка од државниот врв.

Тој изјави дека го поддржува пристапот на Вучиќ да учествува во дијалогот, со јасни резерви за тоа што не е во интерес на Србија и посочи дека тој што вели дека преговорите со ЕУ треба да се напуштат, работи против интересите на државата.

„Србија преку дијалог мора да извлече најмала можна штета и најголема можна корист. На маса сме, но со јасни ставови која е црвената линија за нас. Треба да се поддржи државниот врв да продолжи дијалогот со Приштина, да се дојде до прифатливо решение, притоа да се почитуваат државните и националните интереси“, рече Дачиќ.

Министерот рече дека секој напад врз претседателот на Србија на некој начин ја ослабува позицијата на земјата во корист на нејзините непријатели.

Кога станува збор за Косово и Метохија, Дачиќ напомена дека понудите за Србија никогаш не биле добри бидејќи се базирале на тоа дека Косово е независна држава.

Дачиќ повтори дека Србија сака итно формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО), а Приштина сака да го избегне.

„Србија инсистира на итно формирање на ЗСО, тоа е предуслов да се разговара за некој политички план или предлог за решавање на односите меѓу Белград и Приштина“, посочи Дачиќ, додавајќи дека косовскиот премиер Албин Курти сака да го избегне тоа и да го реши косовското прашање со воена интервенција на северот на покраината.

Можете да прочитате

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја