Утрински Весник
Свет

Папата Франциско повика на прекин на насилството во Перу

Папата Франциско повика на прекин на насилството во Перу
Dik 300x250 mk

Папата Франциско денеска за време на своето традиционално неделно обраќање до верниците на плоштадот Свети Петар во Рим повика на прекин на насилството во Перу, во кое досега официјално загинаа 50 лица, пренесува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

„Да му кажеме не на насилството, без разлика од кого доаѓа. Да им кажеме не на новите жртви“, рече папата на својот мајчин шпански јазик, а подоцна премина на италијански.

Папата Франциско ги повика конфликтните страни да се вратат на патот на дијалогот „меѓу браќата на истиот народ, со почитување на човековите права и законот“.

Тој реагираше на вчерашното разгорување на судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Перу, откако една од најстарите згради во главниот град изгоре до темел, а претседателот Дина Болуарте вети дека ќе биде поостра со „вандалите“.

Политичката криза во Перу започна со соборувањето и апсењето на поранешниот левичарски претседател на Перу, Педро Кастиљо, минатиот декември поради обидот да го распушти Конгресот.

Педро Кастиљо од затвор изјави дека се уште се смета себеси за легитимен претседател на Перу и ги повика своите приврзаници да протестираат против новата претседателка Дина Болуарте.

Претседателот на Перу ги отфрли повиците да поднесе оставка и да распише предвремени избори, повикувајќи наместо тоа на дијалог и вети дека ќе ги казни сите вклучени во немирите.

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија