Познатата пејачка Бијонсе по петгодишна пауза настапи во Дубаи за цели 24 милиони долари.
Концертот траеше еден час и се одржа во новиот хотел „Atlantis The Royal“.
На сцената се појави и ќерката на пејачката Блу Ајви, а во публиката беа и нејзиниот сопруг Џеј Зи, како и нејзините родители Тина и Метју Ноулс, објавија американските медиуми.
Настапот го започна со песната „At Last“ на легендарната Ета Џејмс, а потоа следуваа нејзините хитови „Beautiful Liar“, „Halo“, „Crazy in Love“ и други.