Утрински Весник
Економија

(Видео) Маројевиќ: Испораката на топлинска енергија се одвива континуирано и така ќе продолжи до крајот на грејната сезона

(Видео) Маројевиќ: Испораката на топлинска енергија се одвива континуирано и така ќе продолжи до крајот на грејната сезона

ЕСМ Снадување има веб станица која е во функција од крајот на минатата година, на која се поставени најважните информации за нашите потрошувачи, како информации за локација на пункотвите и работното време, за центарот за грижа на потрошувачи, достапен е формуларот за е-фактура и договорот за снабдување како и електронскиот систем за плаќање на фактури. На веб страницата ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk) се поставени и известувања за дефекти во дистрибутивниот систем, изјави Александра Маројевиќ, помошник на директорот за производство од АД ЕСМ.

dobivaj vesti na viber

Апелира потрошувачите да ја користат можноста за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија преку веб страницата затоа што тоа е како што вели, најсигурен, наједноставен, најбрз и најекономичен начин на плаќање, односно без банкарска провизија, 24 часа во текот на денот, 7 дена во неделата при што уплатата се евидентира на денот на плаќањето.

„Понудени се 2 начини на електронско плаќање и тоа: “БРЗО ПЛАЌАЊЕ” при што само се внесува бројот на фактурата, без претходна најава и регистрација на кориснички профил. “EsmEpay услугата” е со најава на кориснички профил кој овозможува:

· Преглед на сите неплатени сметки за топлинска енергија за различни имоти/потрошувачи и можност истите да се платат електронски без дополнителни трошоци

· достапност до електронските фактури,

· можност за барање за достава на електронска фактура

· прегледност на сите потрошувачи на мерното место,

· како и внес на состојба на мерилото за индивидуални објекти.

На веб страната се поставени упатства за оние потрошувачи кои прв пат ги користат услугите за електронско плаќање на фактурите“, појаснува таа.

Оценува дека испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до објектите од почетокот на грејната сезона се одвива континуирано и така ќе продолжи до крајот на грејната сезона.

Во овој момент, додава таа, нема дефект на централниот систем за греење со кој управува ЕСМ и нема затворен објект за испорака на топлинска енергија по тој основ. Топлинска енергија се испорачува до сите објекти приклучени на системот со кој управува ЕСМ.

„Од почетокот на грејната сезона до денес дефектите во дистрибутивната мрежа и во производните постројки се во очекувано мал број и се санирани во најкраток можен рок, со највисок приоритет, со цел намалување на загубите и воспоставување на редовен режим на испорака на топлина до потрошувачите.

Инаку, испораката на топлинската енергија до потрошувачите согласно регулативата се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури во различни периоди од денот. Доколку надворешните температури се пониски, се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите. При испораката на топлинска енергија се обезбдува оптимална потрошувачкa на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците. Потрошувачката на топлинска енергија во објектот се регистрира на мерилото во топлинската станица.

Повисоките надворешни температури во одредени денови во однос на очекуваните во текот на грејната сезона, влијаат на намалување на потрошувачката на топлинска енергија кај потрошувачите, а тоа директно влијае и на порамнителните фактури за топлинска енергија“, објаснува Маројевиќ.

Додава дека потрошувачите, во текот на целата година, во своите сметки на задната страна добиваат податок за тоа колку енергија потрошиле, колкава е ангажираната моќност и колкава е разликата помеѓу реалниот и надоместокот кој потрошувачите го авансирале со авансните факури

Напоменува дека во фактурите за секој потрошувач од категоријата домаќинства одделно е прикажан и износот на финансиската поддршка од Буџетот на Р.Северна Македонија преку АД ЕСМ, за фиксните и варијабилните трошоци.

„Во врска со квалитетот на услугата, најмногу примени рекламации за квалитет на греење имаше на почетокот на грејната сезона. Бројот на примени пораки се намалува како изминува грејната сезона. Во првите 15 дена од сезоната, во октомври 2022 бројот на рекламации бил 5583, додека пак во првите 15 дена од оваа година рекламациите се сведени на 970. Екипите во континуитет работат за да одговорат соодветно на секоја рекламација за квалитетот на греењето, во најкраток можен рок.

Во изминатите три месеци, откога ЕСМ ја има лиценцата за производство дистрибуција снабдување на топлинска енергија во градот Скопје има постојан раст кај повторните вклучувања во системот и нови потрошувачи.

Околу 70 исклучени потрошувачи повторно се приклучиле и дале доверба на системот за централно греење.

Во 17 објекти со вкупна инсталирана топлинска моќност од 5 МW и 1200 нови потрошувачи е извршено пробно греење од кои 12 објекти со инсталирана моќност од околу 3 МW и 750 нови потрошувачи се приклучиле до денеска на системот за централно греење“, истакнува Маројевиќ.

Ги повикува потрошувачите за сите пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето, да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи, сите потрошувачи кои ја добиваат фактурата во хартиена форма да ја искористат можноста за добивање на е-фактура и оние кои сеуште немаат склучено договор за снабдување да продолжат да пристапуваат кон пунктовите да склучуваат договори.

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk