Утрински Весник
Македонија

Со трактор се обидел да извлече патничко возило од нива, се превртел и починал

Две лица се тешко повредени откако со трактор излетале од пат во Пробиштип

Вчера во 14.00 часот било пријавено дека на патниот правец од Кавадарци кон с.Ресава, во месноста викана “Црвена земја“, Љ.К.(54) управувајќи трактор “фергусон“, се обидел да извлече од нива патничко моторно возило “шкода фаворит“ при што изгубил контрола над тракторот и се излизгал и превртел.

dobivaj vesti na viber

На местото на настанот починал Љ.К., а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР-Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Доктор Кочински: ЦЈЗ Тетово треба да донесе одлука за евентуално пријавување епидемија, резултатите од анализите ќе се достават до ЈО

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1