Утрински Весник
Спорт

Димитриевски и Рајо немоќни против „залетаниот“ Сосиедад

Димитриевски и Рајо немоќни против „залетаниот“ Сосиедад

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски и неговите Рајо Валјекано не успеаја да направат подвиг против одличните Реал Сосиедад, кои си заминаа од шпанската престолнина со лесна 0:3 победа, нивна петта во низа оваа сезона со која се зацврстуваат на третото место на табелата.

dobivaj vesti na viber

Почетокот на мечот беше кобен за Димитриевски, откако Александер Сорлот го отвори резултатот во 15. минута по асистенцијата на ветеранот Давид Силва, за победата да биде потврдена во 36. минута кога Андер Баренечеа по вторпат го совлада македонскиот голман.

Сосиедад сега имаат 38 поени на третото место на табелата, израмнети со второпласираните Реал Мадрид (кои, сепак, имаат два меча помалку) и дури 10 поени пред Атлетико Мадрид на четвртото место. Рајо остануваат на 9. место на табелата со 26 поени.

(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-42409”));

Standings provided by Sofascore

Можете да прочитате

Проблем за Њукасл – Гордон го прекршил законот

Челси ќе достави понуда за Рафаел Леао

ПСЖ му го продолжи договорот на Карбатиќ